јануари 23, 2024

Поделени 366 новогодишни пакетчиња за Новогодишните и Божиќните празници

По повод Новогодишните и Божиќните празници Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во периодот од 29 декември 2023 до 12 јануари 2024 година, подели 366 новогодишни пакетчиња на 366 деца и млади во социјален ризик, деца и млади со попреченост и деца во рурални средини.
 
366-те новогодишни пакетчиња беа обезбедени преку:
-106 новог.пакетчиња преку традиционална собирна акција на Клубот на млади во маркет Веро
60 новог.пакетчиња преку хуманитарна собирна акција во СУГС „Никола Карев“ – Скопје
180 новог.пакетчиња обезбедени од ЦКРСМ – ОО Карпош
10 новог.пакетчиња преку настан во организација на Првата дама на РСМ во фабриката АД „Европа“ Скопје
10 новог.пакетчиња преку ученички проект на група ученици од СУГС „Никола Карев“ Скопје во рамки на проектот „SERVICE LEARNING“
 
Изразуваме благодарност со сите вклучени волонтери и соработници за остварување на нашата хуманитарна мисија.
< врати се назад