
Потпишани Договори за соработка со Основните училишта и градинките во Општина Ѓорче Петров
Со цел воспоставување на заеднички иницијативи и нивна реализација и обезбедување на меѓусебна поддршка, заеднички настап и координација во делувањето за реализација на програми и проекти од надлежност и интерес на двете страни, на 5-ти Февруари 2021 година Општинската организација на Црвен крст потпиша договори за соработка со директорите на шест основни училишта и една градинка во Општина Ѓорче Петров.
Зајакнувањето и мобилизирањето на членството и волонтерите од основните организации во овие средини ќе овозможи поефикасно и поуспешно спроведување на активностите од заеднички интерес од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејнсот, прва помош, крводарителство, активности за промовоирање на хуманите вредности и доброволното ангажирање, подигнување на јавната свест и обука на заедницата за заштита и самозашита во случај на катастрофи; и едукација, обука, организирање и интегрирање на младите во работата на Црвен крст.



































