
Промоција на младите херои од ООУ „Бедри Таири“ – приказна 3
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од ООУ „Бедри Таири“.
Учениците Медина, Ханифе, Сами, Мунире, Суела, Мерјеме, Асрин и Рамадан со поддршка на педагогот г-дин Бејтула Идризи изработија проект чија цел беше уредување на зелени површини во училишниот двор на на основното училиште „Бедри Таири“-с.Долно Свиларе.
- вклучени 8 ученици
- остварени 200 волонтерски часа
- еколошка и хортикултурна акција во училишниот двор.
- обезбеден нова земја и 16 зелени дрвца за уредување на дворот
- уреден простор за одмор и рекреација на учениците од на основното училиште „Бедри Таири“-с.Долно Свиларе – ново катче за убаво поминатовреме
- обезбедена поддршка за 453 ученици и 42 професори од ООУ „Бедри Таири“
- анимирани над 100 лица од заедницата
- еколошка димензија
Честитки драги луѓе!!!



































