
Промоција на младите херои од СГГУГС „Здравко Цветковски“ – приказна 7
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од СУГС „Здравко Цветковски“.
Учениците Стефан, Никола, Матеј, Бојан, Калина и Тамара со поддршка на педагогот г-ѓа Марија Димитровска изработија проект чија цел беше обезбедување на 4 расклопливи дрвени маси и 8 расклопливи дрвени клупи со вкупен капацитет за сместување на 40 лица и практична мултифункционалност согласно реалните потенцијални потреби за активностите на проектот Хуманко и летниот камп „Сите сме исти“.
- вклучени 6 младинци од СУГС „Здравко Цветковски“
- 3 месеци континуирана акција
- остварени 525.5 волонтерски часа
- 5 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- 1 хуманитарен базар со половна облека
- 1 собирна акција во Зоолошка градина – Скопје
- изработени и подарени 200 рачни изработки
- собрани 40.100,00 денари
- обезбедени 4 сета маси и клупи за реализација на групни активности со деца и млади
- поддршката за 52 деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, во социјален ризик и со типичен развој
- анимирани над 600 лица од заедницата
- интеркултурна димензија
- долготраен ефект
Честитки драги луѓе!!!



































