
март 23, 2022
Работилница на тема ,,Менаџмент со волонтери“ за членови на Клубот на млади
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во периодот од 04 март до 06 март 2022 година, по трет пат, традиционално, ја реализираше работилницата на тема „Менаџмент со волонтери“ за членовите на Координативното тело и други членови на Клубот на млади со цел унапредување на работата на Клубот на млади.
За време на тридневната работилница во времетраење од 16 часа едукација, учесниците имаа можност да ги прошират и освежат знаењата поврзани со волонтерството, личниот менаџмент, поимот менаџмент, менаџментот со волонтери, методите за привлекување, задржување и следење на волонтери. Преку личните примери имаа можност да се доближат до темите и да согледаат како истите се поврзани со начинот на функционирањето на Клубот на млади и Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош.
На семинарот беа присутни 8 членови на Клубот на млади. За време на активностите беа почитувани протоколите и мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот КОВИД 19.




































