јули 1, 2025

Рекордни 301 творба на ликовниот конкурс за 2025 година

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месец мај 2025 година спроведе ликовен конкурс по повод одбележување на 22-ри април – Денот на планетата Земја и одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина. Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение од основни училишта и од прва до четврта година од средните училишта.

На конкурсот учествуваа 301 ученик од ООУ „Петар Поп Арсов“, ООУ „Аврам Писевски“, ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Вера Циривири Трена“, ООУ „Димо Хаџи Димов“, ООУ „Тихомир Милошевски“, СУГС „Никола Карев“ и Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош. Во подготовката на творбите учениците беа менторирани од 36 ментори – наставници.

За ликовниот конкурс по повод 22-ри април – Денот на планетата Земја беа доставени вкупно 258 ликовни творби, додека за конкурсот по повод 8 мај – Светскиот ден на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина беа доставени 43 ликовни творби.

Творбите се прегледани и оценети од шестчлена комисија. Вкупно се наградени 54 творби со дипломи за освоено прво, второ и трето место и пофалници за секое одделение/возраст одделно. На сите наставници-ментори им се доделени благодарници за поддршка и учество во конкурсот. Во оваа активност беа вклучени 11 волонтери кои остварија 60 волонтерски часа.

< врати се назад