
октомври 14, 2025
Традиционална крводарителска акција во Општина Карпош
По повод Деновите на Општина Карпош, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Општината Карпош на 10 октовмри 2025 година реализира традиционална крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на новата општинска зграда во Карпош 3, во периодот од 09:00-17:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 94 граѓани меѓу кои и вработените од општинската администрација на Карпош.
На акцијата присуствуваше и Градоначалникот Стевчо Јакимовски кој како повеќекратен крводарител упати апел и ги повика сите здравствено добри граѓани да даруваат крв и да ја покажат и изразат својата солидарност .




































