јули 1, 2025

Учество на Градскиот натпревар по прва помош 2025

На 02 јуни 2025 година во објектот „Даре Бомбол“ на Средно Водно се одржа Градскиот натпревар по прва помош за 2025 година во организација на Црвен крст на град Скопје. На истиот учество земаа 14-те најдобри екипи од 5-те Општински организации на Црвен крст Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Карпош.

Од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беа присутни 3-те првопласирани екипи од 44от општински натпревар по прва помош, односно екипите од ООУ„Сами Фрашери“, ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Војдан Чернодрински“ кои на Градскиот натпревар ги освоија 7-то, 9-тото и 10-тото место.

За време на натпреварот, екипите од Црвен крст Карпош беа придружувани од стручната служба, волонтери од Клубот на млади и одговорните професори.

< врати се назад