
ноември 25, 2020
Учество на обука за ориентација во простор
На ден 19.11.2020 г. беше реализирана обука за „Ориентација во простор“ организирана од Здружението на млади географичари на Природно-математичкиот факултет преку електронската платформа zoom.
На обуката учествуваа по пет волонтери од Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје меѓу кои и 5 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош. Целта на оваа обука беше да се стекнат основни знаења за ориентација во простор и читање на мапа. Обуката помина во позитивна атмосфера со активно учество на сите учесници.




































