
септември 22, 2023
Училишен прибор за успешна учебна година
Во периодот од 11 до 18 септември 2023 година, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпш спроведоа собирна хуманитарна акција за обезбедување училишен прибор за ученици од социјално ранливи категории.
Во акцијата која се реализира под мотото „Училишен прибор за успешна учебна година“ се обезбедија 440 парчиња училишен прибор кој спакуван во 25 комплети беше поделен на 25 деца од семејства во социјален ризик.




































