
Успешно завршен ЦКА-ПХВ циклус 2024
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во 2024 година активно се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ во периодот од јануари до мај. Во продолжение следат остварените резултати.
КУСО ЗБИРНО РЕЗИМЕ НА ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ – ЦИКЛУС 2024:
– вклучени 2 дисеминатори и 5 мини ментори
– одржани 6 ЦКА-ПХВ обуки за новите младинци
– обучени 61 младинец за изработка на мали проекти на македонски и албански јазик
– вклучени 54 младинци/ 88% во изработката на малите проекти
– остварени 2787(проекти)+225(останати активности)=3012 волонтерски часови од страна на волонтерите
– започнати и целосно завршени 9 мали проекти
– за координација на проектите реализирани се над 30 средби со ЦКА-ПХВ групите
– организирани и спроведени 44 хуманитарни акции и настани
– од хуманитарни акции обезбедени се вкупно 126.736,00 денари
– со проектите е опфатена целна група од вкупно 698 лица
– со проектите се анимирани над 3050 лица
– сите 9 проекти се унифицирано документирани со документ и видео






































