септември 27, 2022

Врсничка едукација за ментално здравје

На 17 септември 2022 година, во просториите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош се одржа третата врсничка едукација за ментално здравје. Работилницата на тема ,,Емоции“ ја спроведоа два врснички едукатори и на истата присуствуваа 15 волонтери од  Клубот на млади. Во пријатна атмосфера, учесниците покажаа значителен интерес, љубопитност и внимание, а секој волонтер имаше можност да поставува прашања и слободно да ги сподели своите мислења.

< врати се назад