јуни 15, 2022

Врснички едукации за ментално здравје

Во рамките на активностите поврзани со менталното здравје за време на пандемија, врснички едукатори од Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 21.05.2022 година спроведоа една врсничка едукација за 21 волонтери и членови на Клубот на млади. На едукацијата, присутните имаа можност да се стекнат со знаење поврзани со менталното здравје и стигматизацијата на адолесцентите за време на Ковид-19 со посебен акцент на поврзаноста помеѓу менталното, физичкото и социјалното здравје и правилната грижа за себе си како важен аспект на целокупното здравје.

< врати се назад