
март 12, 2026
Врснички едукации за мотивирање млади крводарители
Во насока на подигнување на свеста кај младите за значењето на доброволното дарување крв , Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 05, 09 и 11 март 2026 година реализира пет врснички едукации за мотивирање, мобилизирање и регрутирање на нови, млади крводарители.
Со едукациите беа опфатени 152 ученици од трета и четврта година од средните училишта „Кочо Рацин“ ,,Орце Николов“ и „Георги Димитров“, кои низ презентации преку интерактивни активности и дискусии имаа можност да се информираат и да развијат позитивни ставови за доброволното крводарување и неговата улога во спасување на човечки животи и да се охрабреат да станат идни активни крводарители.




































